Има иницијатива на женскиот марш во Вашингтон да се носат розови плетени капчиња или капчиња со мачкини уши. Тоа е дел од Проектот Пусихет, кој има за цел да прикаже 1,7 милиони розови капчиња со мачкини уши, алудирајќи на женските гениталии, во знак на противење на навредливите коментари од страна на претседателот Доналд Трамп во видео снимка што се појави за време на неговата кампања.
Околу 1000 луѓе се собраа во Брисел уште вчера, на 20 јануари, на денот на инаугурацијата на Трамп. На собирот, на кој учествуваа претежно жени, беше осуден сексизмот и се протестираше против американскиот претседател Доналд Трамп.
Македонија е една од ретките европски држави коишто денеска не се придружија на Женскиот марш. Маршеви не се организираат ниту во дел од земјите од регионот - Турција, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Хрватска. Од друга страна, Женски марш во регионот е најавен во Косово, Србија, Бугарија, Грција и во Словенија.
Во Австралија и во Нов Зеланд стартуваше „Женскиот марш“ против Трамп
Илјадници луѓе од Австралија и Нов Зеланд излегоа денеска на улиците приклучувајќи му се на глобалниот „Женски марш“ против новиот претседател на САД, Доналд Трамп. Илјадници луѓе се приклучија на движењето во Сиднеј, а марш се одржува и во Мелбурн.