Достапни линкови

Говор на Трамп по инаугурацијата за претседател на САД. Вашингтон, 20.01.2016
Говор на Трамп по инаугурацијата за претседател на САД. Вашингтон, 20.01.2016

Доналд Трамп е претседател на САД

Доналд Трамп денеска стана 45-ти претседател на Соединетите Држави. 70-годишниот републиканец влегува во Белата куќа по неговата долга и богата бизнис кариера.

- Доналд Трамп денеска даде заклетва и стана 45-ти претседател на САД.

- „Ќе ја трансферираме моќта од Вашингтон, назад кон вас, луѓето“, изјави Трамп по давањето заклетва.

- Во инаугуралниот говор, Трамп изјави: „Америка на прво место“

- Трамп му се заблагодари на, како што рече, прекрасниот Обама.

- Илјадници луѓе присуствуваа на свеченоста во Вашингтон, меѓу кои, бивши лидери и странски гости.

- Во Вашингтон имаше и демонстрации на противници на Трамп, кои искршија неколку излози.

Доналд Трамп, од бизнисмен до претседател на САД

Доналд Трамп, бизнисмен кој стана претседател на САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:14 0:00

Неколку факти за инаугурацијата на Трамп

Инаугуративното обраќање на Трамп се очекува да трае околу 20 минути. Неговиот портпарол Шон Спајсер изјави дека Трамп ќе даде „многу инспиративен говор“, посветен на заедништвото во земјата. Околу 900.000 луѓе се очекува да присуствуваатна настанот. Повеќе тука: http://www.slobodnaevropa.mk/a/28245281.html

Силни безбедносни мерки за инаугурацијата на Трамп

Силни безбедносни мерки за инаугурацијата на Трамп
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:17 0:00

Трамп вети единство во САД

Избраниот американски претседател Доналд Трамп вети единство на она што го нарече поделена земја и радикална промена на атмосферата во Вашингтон откако пристигна таму на денешната негова инаугурација.

Трамп, од друга страна, изрази подготвеност за драматично повлекување на програмите на неговиот претходник Барак Обама.

Тука станува збор за неколкуте извршни декрети за климатските промени, олеснувања за имигрантите, меѓународни трговски договори и рестрикции во енергетиката.

Целиот текст тука: http://www.slobodnaevropa.mk/a/28245001.html

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG