Достапни линкови

Потребно јакнење на довербата меѓу полицијата и новинарите


Oбука за соработка меѓу полицијата и новинарите
Oбука за соработка меѓу полицијата и новинарите

Потребна е поголема доберба и соработка меѓу полицијата и новинарите во ситуации која едните сакаат брза информација, а на другите во преден план им е нивната работа.

Соработката на полицијата со новинарите треба да биде поголема во интерес на реализацијата на задачите и обврските, како од страна на полицијата, така и од новинарите. Секторот за внатрешни работи – Охрид организираше повеќе обуки со учество на полицијата и новинарите од неколку електронски медиуми од Дебар, Струга, Охрид, Кичево, Ресен и други градови од југозападниот регион на кои во центарот на вниманието беше јакнење на меѓусебната доверба и партнерство на полицијата и новинарите во рамките на законот.

„Цел на проектот е да се надминат недоразбирањата на терен каде има казнено-правни настани и тешки казниви дела како што се убиства или сообраќајки. Тогаш, кога доаѓа до тензични моменти зашто новинарите сакаат брза информација, а полицијата бара да го обезбеди местото на настанот за да ги заштити трагите значајни за откривање на едно убиство и да се почитува законот“, вели портпаролот на Секторот за внатрешни работи во Охрид Стефан Димовски.

Учесниците нагласуваат дека на овие обуки, кои се поддржани од страна на мисијата на ОБСЕ во Македонија, се многу битни за соработката и јакнењето на довербата и партнерството на полицијата и новинарите, оценува Димовски, кој исто така е и автор на научен труд посветен на јакнењето на довербата и партнерството на полицијата и медиумите.

Новинарот од Кичево Зоран Ајтовски смета дека овие обуки се мошне добри и ефикасни.

„Треба да се прифати дека полицијата своите активности ги има во интерес на народот. Неопходно е почитување на полицијата и новинарите и јакнење на нивната доверба за време на одредени настани“, вели тој.

Полицискиот службеник од дебарската полиција Селаудин Јусуфоски исто така оценува дека ваквите обуки се во интерес, како на новинарите, така и на полицијата.

„Вакви работилници требаше да се организираат и порано, бидејќи тие се потребни. Треба да се почитува како полициската, така и новинарската етика кога се вршат работните задачи. Овие проекти се мошне значајни“, вели тој.

На обуките особено внимание беше посветено на потребата од взаемно непречење на полицијата и новинарите за време на инциденти, сообраќајки и конфликти.

  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG