Достапни линкови

Трамп - Им верувам и на Меркел и на Путин, ќе видиме до кога


Трамп: Меркел направи катастрофална грешка
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:21 0:00

Трамп: Меркел направи катастрофална грешка

Во заедничко интервју за британскиот весник „Тајмс“ и за германскиот дневник „Билд“, избраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ја одобрува одлуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ. За германската канцеларка Ангела Меркел, пак, вели дека направила голема грешка со мигрантската политика.

Трамп оцени дека Европската унија станала „возило за Германија“ и затоа предвидува дека повеќе членки на Унијата би можело да го следат примерот на Британија.

Изборната кампања на Трамп се базираше и врз резултатот од референдумот што во минатиот јуни се одржа во Британија.

„Мислев дека Британија беше толку паметна да излезе надвор и вие бевте таму и го напишавте тоа и го ставивте на насловна страница: „Трамп рече дека Брегзитот ќе се случи“. Нели? И се случи“, вели тој.

Според Трамп, тоа било пример како разочараните гласачи се креваат против политичкиот естаблишмент.

Трамп исто така изјави дека германската канцеларка Ангела Меркел направила „кастрофална грешка“ со политиката со која дозволи бран од над еден милион мигранти да влезат во нејзината земја.

„Мислам дека направи катастрофална грешка и тоа со преземањето на сите тие илегалци“, вели тој.

Соединетите Држави и се најголемиот трговски партнер на Германија, а протекционзмот што го пропагира Трамп ги вознемири бизнис лидерите и извозниците во најголемата европска економија.

Во интервјуто Трамп длабоко ја критикува досегашната американска надворешна политика.

Тој оцени дека инвазијата врз Ирак била можеби најтешката грешка во историјата на Соединетите Држави.

Трамп ги повтори критиките дека повеќе членки на НАТО не плаќаат доволно за нивната безбедност и оти затоа Алиајнсата се соочува со проблеми.

Тој сугерира дека би можело да понуди укинување на некои санкции против Русија за возврат на договор со рускиот претседател Владимир Путин за намалување на нуклеарното оружје.

Трамп ја критикува Москва за воената интервенција во Сирија, оценувајќи дека тоа водело до „страшна хуманитарна ситуација“.

Запрашан за тоа на кој повеќе му верува на Анегла Меркел или на Владимир Путин, тој вели:

„Па на почеток им верувам и на двајцата, потоа ќе видиме колку тоа ќе трае, можеби воопшто нема да трае долго“, вели тој.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG