Достапни линкови

Како Пекинг се справува со загадениот воздух?


Пекинг се задушува во смог
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:45 0:00

Пекинг се задушува во смог

Тежок смог продолжува да го задушува Пекинг веќе неколку денови по ред. Неговите жители бараат од властите да изнајдат посеопфатни и поефикасни мерки во борбата против загадувањето на воздухот.

Индексот на квалитетот на воздухот во кинескиот главен град се уште е на околу 400.

Црвен сигнал се покренува кога индексот ќе надмине 200, велат експертите.

Од друга страна, концентрациите на опасни честички за дишење познати како PM 2.5, што се втор фактор за загадување, се на опасно ниво од над 360 микрограми на кубен метар.

За да нема опасност, Светската здравствена организација препорачува нивото на овие честички да изнесува 10 микрограми на метар кубен.

45-годишниот Ли Хуикун од Пекинг е загрижен за неговото здравје:

„Јас сум загрижен поради загадувањето. За разлика од минатото кога бев дете, ова беше само магла, а не смог“, вели тој.

Пекинг
Пекинг

Кина започна „војна против загадувањето“ во 2014 година.

Сепак, тешко се справува со поправката на штетите направени во изминативе децении на многу брзиот економски раст.

Поголемиот дел од тој раст беше врз основа индустријата базирана врз јагленот.

Регионот Пекинг Тианџин е во првите редови на напорите на Кина да се намали загадувањето и вети дека ќе ги намали емисиите на штетни честички за 25 насто од 2013-2017 година.

Сепак, Гуо Џинлонг, највисокиот лидер на Комунистичката партија во Пекинг на состанокот на владата изјави дека смогот не дозволува да се постигне зацртаната цел.

Тој додаде дека е неопходна поголема работа на обезбедување итни мерки кои ќе бидат спроведени во целост.

Министерството за заштита на животната средина е за именување и засрамување на компаниите кои во последниве неколку месеци не успеале да го намалат производството за време на периодите на смог.

Во исто време се обвинуваат локалните власти за пропусти во контролата.

Многу граѓани на Пекинг велат дека мерките на владата за подобрување на квалитетот на воздухот се нефикасни.

Еден од нив, адвокатот Ванг вели:

„Мислам дека мерката треба да биде сеопфатна. Не треба да биде насочена само на затворање фабрики и на ограничување автомобили. Тие само ја гребат површината на проблемот. Мислам дека треба да се промени структурата на економскиот развој“, вели тој.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG