Достапни линкови

Прогласот на Груевски и приговорите - вие коментирате


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се обрати на собраните граѓани пред ДИК
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се обрати на собраните граѓани пред ДИК

Фановите на РСЕ најмногу коментирале за обраќањето на Груевски пред поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ пред ДИК, потоа за повикот на Заев до граѓаните да бидат трпеливи и воздржани, како и за партиските приговори по изборите.

Одлучувањето на ДИК по партиските приговори на БЕСА и на СДСМ, кои, патем речено, беа сите одбиени освен еден од БЕСА, беше основната „занимација“ на партиите, а богами и на граѓаните во изминатата недела.

Најновата вест дека ВМРО-ДПМНЕ поднесла тужба до Управниот суд против прифатениот приговор на БЕСА, го поттикнала Дени Владиков да коментира: „Од лопови па до плачковци... е тоа се вмровци... Готови стеее...“ Бари Илјази вели: „Чудо невидено што прават и што можат да направат само и само да продолжат да владеат“. Сашко Стојанов коментира дека „независните биле секогаш за СДСМ и поткупени од нив, како што кажа бившиот ни премиер, а ваму „без“ притисоци ги одбија сите приговори. Ептен експертски“.

Повикот на лидерот на опозициската СДСМ, Заев, до граѓаните да бидат трпеливи и воздржани и да не подлегнуваат на провокации, „особено од оној кој 10 години ја упропастуваше Македонија“, предизвикал повеќе коментари на Фејсбук на РСЕ. Марина Петровска постирала: „Вака треба да се однесува човек со чиста душа и здрав разум, а не да повикува на протести и да сее омраза и бес меѓу луѓето“.

Обраќањето на Груевски пред поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ пред ДИК, го натерало Роберт Митовски да му се обрати: „Глупав човек, запнал народот па народот. Опозиционите партии освоија повеќе гласови од тебе. Оди си човеку, никој не те сака!“, а Нехат Мухареми потсетува дека на локалните избори ВМРО-ДПМНЕ поднесе 66 приговори против победата на Жерновски. И тука се меша наводната албанизација на државата од страна на Заев, па Албион Абдиу му одговара на Владе Тодев: „Албанизација, хаха... Никој не те тера да збориш албански, само му даваш некому право да збори на кој јазик сака. А не е патриотизам тоа со што ви го перат мозокот – патриотизам е да ти биде убаво дома, да бидат сите добри и да имаат што да јадат, и спокој да имаат, па после на улица ПАТРИОТ!“ Џиги Џиги го прашува Груевски:

„Ако си сигурен дека си победил, зошто ги тераш луѓето да мрзнат надвор... ќе си седиш мирно дома и ќе чекаш ДИК да ги соопшти резултатите, а не да вршите притисок на ДИК...“

Бојан Димовски, пак, реагира што Груевски читал напишано обраќање и смета дека поради тоа е неписмен: „Можеби Заев е од Муртино, ама човекот ниеднаш не излезе со ливче напишано...“ Каролина Волчевска, пак, извикува: „Браво за Никола“ и смета дека Груевски бил прав лидер што сакал државата да оди напред само со поддршка на народот. И Самоил Петров, Тони Китанов, Петар Јовановски и други исто така реагираат што Груевски пред ДИК читаше напишан говор.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG