Достапни линкови

Груевски – Амбасадори, престанете да ни се мешате во внатрешната политика!


Груевски – Амбасадори, престанете да ни се мешате во внатрешната политика!
please wait

No media source currently available

0:00 0:07:34 0:00

Ако Управниот суд, под притисок од странство, ги потврди незаконските одлуки на ДИК, ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во прегласувањето, нема да ги признае резултатите и нема да му дозволи на „аболицираниот криминалец“ Зоран Заев да формира влада со фалсификување на волјата на граѓаните. Мора да запре мешањето на дел од странските амбасадори во внатрешните работи во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ нема да одржува состаноци со други партии во кои учествуваат претставници на други држави и нема да прифаќа нестандардни решенија кои ги нема во другите европски земји. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи кантонизација и редефинирање на државата и ќе се бори за „десоросоизација“ на Република Македонија. Ова е дел од прогласот што го усвоил Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а кој пред демонстрантите пред ДИК вечерва го прочита партискиот лидер Никола Груевски.

Категории

XS
SM
MD
LG