Достапни линкови

Предвремени парламентарни избори

ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови од СДСМ, но ДИК не го соопшти распоредот на пратеници. И двете партии прогласија победи и излегоа на улиците во центарот на Скопје да прослават. Граѓанската асоцијација МОСТ, пак, соопшти дека се уште е рано за кој било да прогласи победа. Изненадување има во албанскиот блок, каде е забележано големо намалување на бројот на пратеници.

Без поголеми нерегуларности протече изборниот ден. Гласањето заврши во 19 часот. Излезноста, според ДИК, надмина 67 отсто на ниво на цела Македонија. ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови од СДСМ, но ДИК не го соопшти распоредот на пратеници. И двете партии прогласија победи и излегоа на улиците во центарот на Скопје да прослават. Граѓанската асоцијација МОСТ, пак, соопшти дека се уште е рано за кој било да прогласи победа.

Груевски прогласи победа на изборите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на вечерашната прес-конференција во партиското седиште во Скопје рече дека од скоро 89 отсто обработени гласови, ВМРО-ДПМНЕ освоиле 434 илјади гласови, додека СДСМ освоил 415 илјади. Со тоа ВМРО-ДПМНЕ е победник на овие избори, рече тој.

Цивил – Извонредно голем број нерегуларности на изборите
Џабир Дерала
Џабир Дерала

Невладината организација Цивил оцени дека изборниот ден поминал со извонредно голем број нерегуларности.

„Нерегуларностите беа последица на долгогодишно структурно насилство, нерегуларности кои беа последица на политичка дискриминација, широко распространета корупција и отсуство на владеење на правото“, рече претседателот на Цивил, Џабир Дерала.

Ахмети гневен, прогласи победа
Архивска фотографија: Али Ахмети
Архивска фотографија: Али Ахмети

Лидерот на ДУИ Али Ахмети вечерва рече дека ДУИ остварила изборна победа во албанскиот блок

„Со гнев велам дека Албанците изгубија мандати. ДУИ победи на избори, но мене секогаш ме интересирало да победат Албанците“, рече тој.

МОСТ – Рано е да се прогласи победник

Граѓанската асоцијација МОСТ ги обработи сите избирачки места, но поради тоа што резултатот е премногу тесен не направи симулација на распределбата на пратеничките мандати. Дополнително, на распределбата на мандатите може да влијае и евентуалното прегласување поради забележаните нерегуларности.

„МОСТ заклучува дека двете водечки партии, по бројот на освоени гласови, се преблиску една до друга и оваа разлика во распределбата на мандати, во зависност од маргината на грешка којашто е изразена по секоја од изборните единици, влијае на тоа кој ќе освои најмногу мандати“, рече Дарко Алексов од МОСТ на прес-конфренцијата што ја одржа во 1:30 утринава.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG