Достапни линкови

Предвремени парламентарни избори

ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови од СДСМ, но ДИК не го соопшти распоредот на пратеници. И двете партии прогласија победи и излегоа на улиците во центарот на Скопје да прослават. Граѓанската асоцијација МОСТ, пак, соопшти дека се уште е рано за кој било да прогласи победа. Изненадување има во албанскиот блок, каде е забележано големо намалување на бројот на пратеници.

Без поголеми нерегуларности протече изборниот ден. Гласањето заврши во 19 часот. Излезноста, според ДИК, надмина 67 отсто на ниво на цела Македонија. ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови од СДСМ, но ДИК не го соопшти распоредот на пратеници. И двете партии прогласија победи и излегоа на улиците во центарот на Скопје да прослават. Граѓанската асоцијација МОСТ, пак, соопшти дека се уште е рано за кој било да прогласи победа.

СДСМ тргна да слави пред Влада

Претседателот на подмладокот на СДСМ, Стефан Богоев ги повика поддржувачите на партијата пред Влада, за како што рече, да ја прослават победата. Симпатизерите на СДСМ кои беа собрани во партиското седиште тргнаа кон центарот на Скопје.

ДПА им се заблагодари на сите што гласале за нив

Архивска фотографија: Лидерот на ДПА Мендух Тачи
Архивска фотографија: Лидерот на ДПА Мендух Тачи

Портпаролот на ДПА Беким Фазлиу вечерва им се заблагодари на активистите на партијата и на сите што го дале гласот за нив на предвремените парламентарни избори. Од ДПА информираа дека вечерва нема да има обраќање на нивниот претседател Мендух Тачи.

ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа

Во моментов имаме 20 илјади гласови повеќе од СДСМ, но ќе имаме уште повеќе, рече на прес конференцијата во седиштето на ВМРО- ДПМНЕ Влатко Ѓорчев од оваа партија. И од ВМРО-ДПМНЕ најавија прослава пред седиштето на партијата. СДСМ веќе ја прославува изборната победа пред владата, каде што во моментов се мести бина.

Заев – Победивме режим со пенкало

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва им се заблагодари на граѓаните на Македонија, кои, како што рече, пишуваат историја. На прославата на изборната победа на СДСМ пред владата во Скопје, Заев вечерва рече дека опозицијата предводена од СДСМ, според нецелосните резултати води со еден пратеник повеќе од ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија испиша светска историја. Падна режим со пенкало, со глас“, рече Заев, додека насобраните скандираа „Шутка не ти бега, Никола“.

Тој рече дека се уште се чекаат резултатите, но оти трендовите може само да растат.

Во исто време прослава за изборната победа организира и владејачката ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот пред партиското седиште.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG