Достапни линкови

Предвремени парламентарни избори

ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови од СДСМ, но ДИК не го соопшти распоредот на пратеници. И двете партии прогласија победи и излегоа на улиците во центарот на Скопје да прослават. Граѓанската асоцијација МОСТ, пак, соопшти дека се уште е рано за кој било да прогласи победа. Изненадување има во албанскиот блок, каде е забележано големо намалување на бројот на пратеници.

Без поголеми нерегуларности протече изборниот ден. Гласањето заврши во 19 часот. Излезноста, според ДИК, надмина 67 отсто на ниво на цела Македонија. ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови од СДСМ, но ДИК не го соопшти распоредот на пратеници. И двете партии прогласија победи и излегоа на улиците во центарот на Скопје да прослават. Граѓанската асоцијација МОСТ, пак, соопшти дека се уште е рано за кој било да прогласи победа.

Затворени гласачките места

Во 19 часот се затворени избирачките места на кои граѓаните на Република Македонија можеа да гласаат на предвремените парламентрани избори. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.

Котевски - Граѓаните гласаа за крај на кризата

Граѓаните гласаа за крај на кризата во која СДСМ ја втурна Македонија, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Иво Котевски на прес-конференција во партиското седиште. Тој оцени дека изборите поминаа без сериозни инциденти, а граѓаните слободно и демократски гласаа. Котевски рече дека е рано да се коментира големата излезност на граѓаните на гласање, но рече оти верува дека тоа се должи на нивната голема мотивираност. На новинарско прашање рече дека е оптимист во врска со изборните резултати.

Груевски се појави во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се појави во партиското седиште во Скопје по завршувањето на гласањето. Со него е поранешниот лидер на ВМРО-НП Маријан Додовски.

МОСТ - неправилно гласање, поткуп и агитација
Дарко Алексов
Дарко Алексов

Граѓанската асоцијација МОСТ на прес-конференција по завршување на гласањето ги наброја нерегуларносттие што нивните набљудувачи ги воочиле на терен. Имало непочитување на постапката на гласање и проблеми предизвикани од подносители на кандидатски листи и гласачи.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG