Достапни линкови

Предвремени парламентарни избори

ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови од СДСМ, но ДИК не го соопшти распоредот на пратеници. И двете партии прогласија победи и излегоа на улиците во центарот на Скопје да прослават. Граѓанската асоцијација МОСТ, пак, соопшти дека се уште е рано за кој било да прогласи победа. Изненадување има во албанскиот блок, каде е забележано големо намалување на бројот на пратеници.

Без поголеми нерегуларности протече изборниот ден. Гласањето заврши во 19 часот. Излезноста, според ДИК, надмина 67 отсто на ниво на цела Македонија. ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови од СДСМ, но ДИК не го соопшти распоредот на пратеници. И двете партии прогласија победи и излегоа на улиците во центарот на Скопје да прослават. Граѓанската асоцијација МОСТ, пак, соопшти дека се уште е рано за кој било да прогласи победа.

Кавадарчанец го искинал гласачкото ливче на сопругата

Кавадарчанец го искинал гласачкото ливче на сопругата по што половина час било прекинато гласањето на избирачко место во Кавадарци, по што гласањето продолжило без проблеми. Како што информираше попладнево Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес, едно лице било уапсено во врска со настанот, а искинатото гласачко ливче е обезбедено.

Приведен тетовец за фотографирање избирачко ливче

По барање на Избирачкиот одбор од избирачко место во основното училиште „Наим Фрашери“ во Тетово бил приведен 32-годишен тетовец, откако се обидел со мобилен телефон да го фотографира гласачкото ливче, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. На проведениот му се заканува парична казна од 300 до 1.000 евра во денарска противвредност.

До 17 часот во Дебар одѕивот 43, во Центар Жупа 27 отсто

Во општина Дебар до 17 часот своето граѓанско право го оствариле 7.648 од вкупно 17.461 граѓани. Oдѕивот на гласачите во општина Центар Жупа до 17 часот е 27 отсто.

Битолчани масовно на гласање

Околу седум проценти повеќе битолчани излегле да гласаат на овие предвремени парламентарни избори за разлика од оние во 2014. Според податоците на ДИК, до 13 часот излезноста во Битола е 41,48 проценти, а на минатите избори во исто време била пресметана излесност од 35 проценти.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG