Достапни линкови

Предвремени парламентарни избори

ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови од СДСМ, но ДИК не го соопшти распоредот на пратеници. И двете партии прогласија победи и излегоа на улиците во центарот на Скопје да прослават. Граѓанската асоцијација МОСТ, пак, соопшти дека се уште е рано за кој било да прогласи победа. Изненадување има во албанскиот блок, каде е забележано големо намалување на бројот на пратеници.

Без поголеми нерегуларности протече изборниот ден. Гласањето заврши во 19 часот. Излезноста, според ДИК, надмина 67 отсто на ниво на цела Македонија. ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови од СДСМ, но ДИК не го соопшти распоредот на пратеници. И двете партии прогласија победи и излегоа на улиците во центарот на Скопје да прослават. Граѓанската асоцијација МОСТ, пак, соопшти дека се уште е рано за кој било да прогласи победа.

Прес на Мост во 14.15 за нерегуларностите кои ги евидентирала оваа организација

Најголем одѕив на гласачи до 13 часот, според податоците на ДИК, е евидентиран во Кривогаштани - 79,12 проценти, а најмала во Центар Жупа, со 15,76 проценти.

Висок одзив, мирно и фер, со ситни нерегуларности

Изборниот ден поминува мирно, се гласа на сите избирачки места, а регистрирани се помали нерегуларности. До ДИК и до домашните набљудувачи граѓани реагирале дека не можат да се најдат на избирачкиот список, а има и случаи на поткуп, агитирање, притисоци.

До 13 часот гласале 34, 83 отсто од регистрирани гласачи, соопшти претседателот на ДИК, Александар Чичаковски. Видеа и детални информации тука: http://www.slobodnaevropa.mk/a/28169936.html

Цивил – Полнење кутии во Сарај, мртви гласаат

Изборниот ден поминува со низа нерегуларности, оцени невладината организација Цивил, чии активисти ги набљудуваат изборите. Претседателот на организацијата Џабир Дерала, на прес-конференцијата во 16 часот, рече дека најголем проблем останува избирачкиот список, кој според него е во хаос. Повеќе тука: http://www.slobodnaevropa.mk/a/28170002.html

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG