Достапни линкови

Предвремени парламентарни избори

ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови од СДСМ, но ДИК не го соопшти распоредот на пратеници. И двете партии прогласија победи и излегоа на улиците во центарот на Скопје да прослават. Граѓанската асоцијација МОСТ, пак, соопшти дека се уште е рано за кој било да прогласи победа. Изненадување има во албанскиот блок, каде е забележано големо намалување на бројот на пратеници.

Без поголеми нерегуларности протече изборниот ден. Гласањето заврши во 19 часот. Излезноста, според ДИК, надмина 67 отсто на ниво на цела Македонија. ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови од СДСМ, но ДИК не го соопшти распоредот на пратеници. И двете партии прогласија победи и излегоа на улиците во центарот на Скопје да прослават. Граѓанската асоцијација МОСТ, пак, соопшти дека се уште е рано за кој било да прогласи победа.

ДПА им се заблагодари на сите што гласале за нив

Архивска фотографија: Лидерот на ДПА Мендух Тачи
Архивска фотографија: Лидерот на ДПА Мендух Тачи

Портпаролот на ДПА Беким Фазлиу вечерва им се заблагодари на активистите на партијата и на сите што го дале гласот за нив на предвремените парламентарни избори. Од ДПА информираа дека вечерва нема да има обраќање на нивниот претседател Мендух Тачи.

СДСМ тргна да слави пред Влада

Претседателот на подмладокот на СДСМ, Стефан Богоев ги повика поддржувачите на партијата пред Влада, за како што рече, да ја прослават победата. Симпатизерите на СДСМ кои беа собрани во партиското седиште тргнаа кон центарот на Скопје.

Шилегов – Победуваме во големите градски средини

Режимот на Никола Груевски станува минато и веќе се слави на плоштадите, рече портпаролот на СДСМ и носител на кандидатската листа во изборната единица 6, Петре Шилегов на прес-конференција во партиското седиште неколку минути пред 22 часот. Тој рече дека СДСМ извојувале победа во големите градски средини.

ДИК - Изборите поминаа беспрекорно, резултати околу полноќ
Денеска имавме успешен ден. Изборите во организациско - техничка смисла поминаа беспрекорно, изјави вечерва претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски.

„Со оглед дека во рок од пет часа по завршување на гласањето сите избирачки одбори треба да ги предадат оригиналните записници до ОИК, целосна слика се очекува вечерва околу полноќ“, рече Чичаковски.


Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG