Достапни линкови

Предвремени парламентарни избори

ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови од СДСМ, но ДИК не го соопшти распоредот на пратеници. И двете партии прогласија победи и излегоа на улиците во центарот на Скопје да прослават. Граѓанската асоцијација МОСТ, пак, соопшти дека се уште е рано за кој било да прогласи победа. Изненадување има во албанскиот блок, каде е забележано големо намалување на бројот на пратеници.

Без поголеми нерегуларности протече изборниот ден. Гласањето заврши во 19 часот. Излезноста, според ДИК, надмина 67 отсто на ниво на цела Македонија. ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови од СДСМ, но ДИК не го соопшти распоредот на пратеници. И двете партии прогласија победи и излегоа на улиците во центарот на Скопје да прослават. Граѓанската асоцијација МОСТ, пак, соопшти дека се уште е рано за кој било да прогласи победа.

МВР - Изборите мирни со мали инциденти
Јордан Ламаноски
Јордан Ламаноски

Изборниот ден помина безбедно со мали инциденти, оцени Јордан Ламаноски, помошник министер за односи со јавност во МВР на вечерашната прес-конференција.

„За разлика од поранешните изборни циклуси може да се каже дека изборите поминаа многу помирно. Поднесени се неколку кривични пријави за поситни инциденти и повикани се во полициска станица неколку лица за пишување графити и оштетување предмети“, истакна Ламаноски.

Излезност од над 70 отсто до 18 часот во три изборни единици
Дарко Алексов
Дарко Алексов

Граѓанската асоцијација МОСТ попладнево соопшти дека до 18 часот најголем одѕив има во Четвртата изборна единица каде излегле на гласање 72,95 проценти од гласачите, а најмал одѕив има во Шестата изборна единица каде гласале 50,28 проценти.

Според податоците на МОСТ, во Првата изборна единица до 18 часот излезноста изнесува 71,44 проценти, во Втората изборна единица 64,09 проценти, во Третата изборна единица 70,31 проценти и во Петтата 62,25 проценти.

Ставрески дојде во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот вицепремиер и министер за финансии Зоран Ставрески дојде во центарот за комуникации во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG