Достапни линкови

Предвремени парламентарни избори

ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови од СДСМ, но ДИК не го соопшти распоредот на пратеници. И двете партии прогласија победи и излегоа на улиците во центарот на Скопје да прослават. Граѓанската асоцијација МОСТ, пак, соопшти дека се уште е рано за кој било да прогласи победа. Изненадување има во албанскиот блок, каде е забележано големо намалување на бројот на пратеници.

Без поголеми нерегуларности протече изборниот ден. Гласањето заврши во 19 часот. Излезноста, според ДИК, надмина 67 отсто на ниво на цела Македонија. ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови од СДСМ, но ДИК не го соопшти распоредот на пратеници. И двете партии прогласија победи и излегоа на улиците во центарот на Скопје да прослават. Граѓанската асоцијација МОСТ, пак, соопшти дека се уште е рано за кој било да прогласи победа.

Седиштето на СДСМ се полни со активисти
Седиштето на СДСМ се полни со членови и активисти во очекување на изборните резултати.
Седиштето на СДСМ се полни со членови и активисти во очекување на изборните резултати.

Седиштето на СДСМ се полни со членови и активисти во очекување на изборните резултати.

ДУИ - Фер избори со мали нерегуларности

Бујар Османи
Бујар Османи

Портпаролот на ДУИ Бујар Османи вечерва, по завршувањето на гласањето, изјави дека предвремените парламентарни избори биле слободни, фер и демократски со мали нерегуларности кои не влијаат на конечниот резултат на изборите.Останува сепак најважната фаза од изборите, а тоа е пребројувањето на гласовите, рече Османи.

МОСТ - неправилно гласање, поткуп и агитација
Дарко Алексов
Дарко Алексов

Граѓанската асоцијација МОСТ на прес-конференција по завршување на гласањето ги наброја нерегуларносттие што нивните набљудувачи ги воочиле на терен. Имало непочитување на постапката на гласање и проблеми предизвикани од подносители на кандидатски листи и гласачи.

Груевски се појави во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се појави во партиското седиште во Скопје по завршувањето на гласањето. Со него е поранешниот лидер на ВМРО-НП Маријан Додовски.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG