Попоски - Судот ќе каже дали некој е виновен
Треба да ја почитуваме презумпцијата на невиност и да оставиме судските инстанци да одлучат дали е некој виновен или не, вели Никола Попоски, носител на листа во ИЕ1 од ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на прашањето како дел од осомничените за криминал во неговата партија ветуваат бескомпромисна борба против криминалот.