Екологија или празен стомак
Околу илјада вработени во тетовската фабрика Југохром протестираа на раскрсницата пред Судската палата во Скопје, против одлуката на инспекторатот на Министерството за животна средина да ја запре работата на комбинатот поради отсуство на филтри за прочистување на отпадните гасови од печките.