Достапни линкови

Панчевски сам си ја урива дивоградбата


Панчевски сам си ја урива дивоградбата
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:54 0:00

Претседателот на Основниот суд Скопје 1 Владимир Панчевски беше побрз од општина Центар. Тој и двајцата други инвеститори сами започнале со уривање на, како што велат од општината, незаконски доградените два ката на зграда во строгиот центар на Скопје. Претходно општината најави дека со полициска асистенција ќе започне со уривање на диводограденото. Адвокатот на Панчевски за медиумите изјавил дека самоиницијативно постапиле по решението, но додаде дека поднеле жалба и дека планираат да ја тужат општината. Панчевски во неколку прилики посочи дека овој процес има политички мотиви. Инспекторите од општината пак велат дека инвеститорите знаат дека нивната доградба е нелегална и затоа сами рушат, а единствено решение кое го добил инвеститорот е реконструкција а не доградба.

Категории

XS
SM
MD
LG