Граѓанска акција за изборите - Ние одлучуваме
Бараме промени. Можеме подобро. Ние одлучуваме. Со оваа парола започна граѓанската акција на 20 тина невладини организации која, како што соопштија има за цел да ги информира, мотивира и охрабри граѓаните да учествуваат на предвремените парламентарни избори на 11 декември, но и да ги регистрира злоупотребите на јавните ресурси и институции за изборни цели, како и заканите и заплашувањата кон граѓаните за остварување на избирачкото право. Во нивно име се обратија Ирена Стеријовска, Драган Додевски и Љуми Бекири.