Достапни линкови

Поразот на ИД во Мосул, прашање на време


Опасности пред ослободувањето на Мосул
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:38 0:00

Опасности пред ослободувањето на Мосул

Ирачките сили и курдските Пешмерга борци напредуваат во освојувањето на Мосул, вториот по големина град во Ирак и најголемото упориште на милитантите на Исламската држава во таа земја. Експертите предупредуваат на големите опасности и предизвици пред конечното ослободување на градот.

Според некои наводи, победата врз екстремистичката организација Исламска дражава е само прашање на време.

Ирачките безбедносни сили повторно освоиле околу 70 села и над илјада квадратни километри земјиште.

Притоа биле истерани околу 800 милитанти во операцијата која почна пред една недела.

Имено, на 17 октомври ирачкиот премиер Хајдер ал Абади го најави почетокот на големата офанзива на повторно заземање на Мосул од исламистите.

Според извештаите, кога ова терористичката група се повлекла кон центарот на Мосул, киднапирала локални жители за да ги корситат како жив штит за да ја забават офанзивата на ирачките и курдските сили потпомогнати од Соединетите држави и сојузниците.

Сепак, шефот на ирачката армија генералот Отман ал-Ганими изјави дека се надева на таканаречена „чиста борба“, што значи дека ирачките сили ќе се обидат да ги сведат цивилните жртви на најниско ниво.

„Кога велиме „чиста борба“, тоа значи дека ние ќе ги заштитиме нашите луѓе да не страдаат од огнено оружје. Ние се обидуваме да ги намалиме можните цивилни жртви и се трудиме да ја заштитиме инфраструктурата тука“.

Ирачките сили продолжија да напредуваат кон Мосул откако остварија неколку победи во периферијата на градот.

Притоа тие не се соочија со голем отпор на фронтот и покрај некои ракетни напади.

„Ситуацијата во Мосул е различна. Градот го карактеризираат висорамнини, ридови, планини и пештери. Природната средина е добра за криење на терористите и можеби ги користат овие терени за тоа. Така, во извесен степен, тоа е многу комплицирано за операцијата за чистење, но сепак не е невозможно“, вели Абу Рагф, ирачки експерт за стратегиски истражувања.

Тој додава дека победата над терористичката група е само прашање на време, но оти потешко и многу подолготрајно ќе биде бришење на екстремистичките мисли и доктрини.

„Милитантите на Исламската држава доживеа порази и тешки загуби во операцијата во Мосул, но тоа не значи дека тие ќе исчезнат од Ирак. Нивните екстремистички мисли имаат влијание врз многу млади луѓе и им го имаат испрано мозокот. Терористичката група ќе исчезне воено, но нивните мисли и доктрини ќе останат и покрај поразите“.

Мосул, на околу 400 километри северно од ирачкиот главен град Багдад, е под контрола на милитантите на Исламската држава од јуни 2014 година, кога ирачките владини сили го оставија нивното оружје и побегнаа.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG