Сребреница со српски градоначалник, Бошњаците страхуваат
Хатиџа Мехмедовиќ беше меѓу првите босански муслимани кои се вратија во Сребреница по војната. Таа беше решена да живее крај гробовите на нејзиниот сопруг и нејзините два сина, убиени во 1995. Но, таа вели дека страхува откако е потврдено дека во Сребреница е избран Србин за градоначалник.