Курдските сили во првиот ден на офанзивата за заземање на Мосул, главното упориште на милитантите на ИД, ја презеле контролата на околу двесте квадратни километри. Станува збор за една од најголемите офанзиви во Ирак од инвазијата предводена од САД против Садам Хусеин во 2003 година.