Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека турската воена акција во северниот дел на Сирија била успешна. Ердоган повтори дека Турција сака да етаблира „безбедносна зона“ на сириската граница, и покрај тоа што светските сили не ја поддржуваат ваквата негова намера.