Во силниот земјотрес што изутрината ја погоди централна Италија биле урнати куќи и згради при што имало и затрупано луѓе. Се јавува дека имало десетина загинати. Земјотресот предизвика паника кај жителите во најтешко погодените градови Акумоли, Аматриче, Поста и Аргуата дел Тронто.