Достапни линкови

Владините шамари за Жерновски влегуваат во СЈО


Жерновски: Груевски е криминалец, насилник и кукавица
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:21 0:00

Жерновски: Груевски е криминалец, насилник и кукавица

СЈО отвара нов предмет поврзан со демолирањето на бараките на Општина Центар и за нарачка за физичка пресметка со Жерновски. Од Обвинителството најавија интензивни разговори со лица за постапките отворени овој период. Постапките се однесуваат на досега објавените и необјавени прислушкувани разговори, велат од СЈО.

Специјалното јавно обвинителство повторно го викна градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски на распит. Овој пат, како што соопштија од Центар, за нов предмет на СЈО поврзан со демолирањето на бараките на општината и за нарачка за физичка пресметка со Жерновски.

Како што можеше да се слушне од таканаречените бомби на опозицијата, тогашниот премиер и лидер на ВМРО- ДПМНЕ Никола Груевски со поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески разговара за ситуацијата во Општина Центар и како да се справат со Жерновски.

Машки глас 1: Јас си мислам покрај тоа што на Уставен ќе падне, у петок он да изеде едно пет шест шамари пред камери. Да влезат граѓани и еден граѓанин да дојде да му удри три шамари, јаки, и да си искочи.

Машки глас 2: Може да договориме сценарио мислам, ја планирав овие нашиве да излегуваат да протестираат.

please wait

No media source currently available

0:00 0:01:54 0:00
Директен линк


Освен физички напад врз Жерновски, во разговорот, според бомбите на СДСМ може и да се слушне како Груевски и Јанакиески ги договараат протестите.

Машки глас 1: Може да договориме сценарио. Јас планирам овие нашиве да излезат да протестираат...

Машки глас 2: Во петок ќе му собереме едно 2000 луѓе пред Центар. Дел ќе си влезат внатре, пошто граѓани нели имаат право да влезат. Па да видиме да размислиме дали еден да стане и едно три, четири шамари јаки да му врзе. Не може ништо да му се направи. Нема тешка телесна повреда тука за кривична има прекршочна само.

Демонстрантите организирани од граѓанската иницијатива Веритас насилно протестираа, неколку денови, почнувајќи од 07 јуни 2013 година пред Општина Центар. Полицијата се обидуваше да ги спречи демонстрантите насилно да влезат во бараките на Општината. Тие протестираа поради, како што соопштија тогаш, намерата на градоначалникот на Општина Центар со измените на новиот детален урбанистички план да ја урне црквата Свети Константин и Елена. Жерновски претходно изјави дека и да се донесе нов план, црквата нема да се урива.

Протести за црква, што никој не планира да ја урива
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:28 0:00

Жерновски во неколку дописи до екс министерката за внатрешни Гордана Јануловска, бараше одговорност за нарачателите и сторителите, но до денес истите не се идентификувани и санкционирани.Жерновски претходно беше на распит во СЈО за истрагата проектот Скопје 2014.

Жерновски: Нема излез од кризата без одговорност
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:22 0:00

Од Специјалното јавно обвинителство вчера соопштија дека во периодот што следи обвинителството ќе го посетат многу лица кои со своите искази ќе помогнат во разјазнување на околностите во постапките отворени овој период од страна на СЈО. Специјалната обвинителка Катица Јанева вели дека постапките се однесуваат на досега објавените и необјавени неовластено прислушкувани разговори. Но заради тајноста на предистражната постапка, поконкретни детали нема да се откриваат, вели Јанева.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG