Достапни линкови

Поплава, тркало и врби во Вардар - ваши коментари


Предлогот на опозицијата, парите од Панорамското тркало да се пренаменат за поплавените подрачја, предизвикал бројни коментари на нашите читатели.

За усвоените заклучоци на Собранието за состојбите во поплавените региони нема ниту еден коментар на Фејсбук страницата на РСЕ, почитувани, но затоа по информацијата за заклучоците што ги предложи опозицијата, а не беа усвоени зашто владејачкото мнозинство беше против нив, а во кои на пример се предлагаше парите за Панорамското тркало што почна да се гради среде Вардар да бидат пренаменети за луѓето во поплавените подрачја во Скопско, Влатко Николов постирал:

„И парите од Опен-фест Струмица да се донираат за поплавените, а кога ќе го направи тоа вашиот лидер тогаш ќе може да тропате“.

Но, Владимир ЦГ Броз реплицирал: „Провизијата е лапната и имаат ставено змија одгоре, тие пари не се чепкаат. Каде сте виделе за овие 10 години паторот да има дадено пари за нешто, а да не лапне провизија?“

По интервјуто на РСЕ со Ангел Иванов, туристички работник, во кое покрај другото препорачува во туризмот да учиме од соседите, Ричард Ришо Наумовски забележува дека споредби со соседите не можеле да се прават зашто сите тие излегувале на море, а Јоана Станиќ коментира дека во областа на туризмот работи несоодветен кадар:

„Еден куп дипломирани туристички работници не можат да се вработат во струката бидејќи испаѓа дека предност имаат другите профили“.

Џими Антонио Лазовски забележува дека „Имаат култура и цените се пониски од Охрид“.

Текстот за големиот процент сиромашни во Црна Гора го коментираат Рубин Ристески и Мики Батев Кецот, споредувајќи ги состојбите кај нас. Првиот напишал:

„Па нели БУМОТ инвестициски од МАФИЈАШКА Русија ќе ги процветаше, како овде што НЕ ПРОЦВЕТА инвестицискиот бум на АРАМИСКАТА ни ВЛАДА“.

Вториот, пак, постирал: „Кај нас половина сме во сиромаштија, па садиме врби во Вардар, ни се смеат наоколу кога ги гледаат врбите“.

И Ава Мариќ со споредби: „Срамота, цела Црна Гора може да живее во благосостојба само во туризмот. За жал, и таму владее синдромот на нацистичко-лоповска власт како и во Македонија и на целиот Балкан“.

Но, Мичо Поповски смета дека текстот, како што напишал, е „бесплатно баење од уплав за настраданите од поплавите“.

Прилогот за сонот на младите од Балканот, во кој главни се желбите за заминување од родните земји, го коментира Костадин Керпичоски, кој смета дека дел од младите не знаат што сакаат и напишал,

„Да живее УМС на ВМРО-ДПМНЕ“.

Ова ја натерало на реплика Марија Јаневска, која му пишува дека таквите млади како него се штета за овој свет и му препорачува:

„Ајде оди залепи некој плакат за Грујо и заработи го сендвичот со пилешка салама“. Ариф Демири, пак, му препорачува на Керпичоски да „оди да се лечи“.

Кој е сонот на младите на Балканот?
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:45 0:00

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG