Достапни линкови

Половина од жените во дебарско немаат матичен гинеколог


Аргетим Фида, гинеколог од Дебар
Аргетим Фида, гинеколог од Дебар

Лекарите велат дека жените во регионот од Дебар, Центар Жупа и Маврово-Ростуше одат на гинеколог само кога имаат неопходна потреба.

Во општините Дебар, Центар Жупа и Маврово-Ростуше половина од жените немаат матичен гинеколог. Ова го тврдат дебарските гинеколози кои сметаат дека околу 50 отсто од населението од женски пол во овој регион над 12-годишна возраст се без свои гинеколози, со што, според нив, директно ги оштетува жените, но и гинеколошките ординации. Аргетим Фида, е еден од тројцата гинеколози во овој регион, кој има своја гинеколошка ординација вели дека во една ваква состојба надлежните треба да го решат проблемот.

„Според информациите кои ги имам добиено, половина од женскиот пол од населението во регионот немаат матичен гинеколог. Ако ги имаме предвид податоците кои се официјални според пописот од 2002 година, бројот на населението во општините Дебар, Центар Жупа и Маврово-Ростуше е повеќе од 40 илјади. Податоците од овој попис говорат дека 51 отсто се жени, а над 12 година процентот на жените изнесува 40 отсто, што значи 15 илјади жени. Но, според податоците на трите гинеколошки ординации кои ги има во Дебар, бројот на жените кои имаат матичен гинеколог е само 7500, што значи половина од вкупниот број на женската популација која треба да има матичен гинеколог. Ние реализираме други потребни контроли со цел да не се појави рак на матката само на жените кои се заведени во нашите датотеки, а со тоа половина од жените остануваат надвор од контролите“, вели гинекологот Аргетим Фида.

Според дебарскиот гинеколог, неопходно е Фондот за здравство да изврши распоредување на сите жени кај матичните лекари, со цел тие да имаат матичен гинеколог.

„Сметаме дека Фондот за здравство треба да ги распредели и другите жени кај гинеколозите. Министерството за здравство има податоци дека околу 100 гинеколози недостигаат во нашава земја, што секако говори дека треба да се преземаат конкретни мерки сите жени да имаат матичен гинеколог“, додава Фида.

Инаку, во овој најзападен регион во нашава земја, според гинеколозите, жените на гинеколог одат само кога имаат неопходна потреба.

  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG