Според информациите од МВР досега се пронајдени 21 тело на загинато лице од невремето кое ја зафати Македонија вчера. Починатите се пронајдени во Сингелиќ, обиколницата Смилковци, Црешево и Стајковци. Денеска се расчистуваат последиците од силното невреме. Поплавени домови, дуќани, затрупани автомобили се само дел од сликата во најзагрозените подрачја.