Достапни линкови

Теориите на заговор за неуспешниот пуч во Турција


Теориите на заговор за неуспешниот пуч во Турција
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:07 0:00

Теориите на заговор за неуспешниот пуч во Турција

Во Турција, како што продолжуваат апсењата на новинари, судии и воени страешни, така се повеќе се шират теории на заговор за тоа кој го оркестирал неуспешниот воен удар. Токму тоа му дава на претседателот Реџеп Таип Ердоган политичка муниција за справување со неговите противници - реални и измислени.

Главниот во конспирациите е непријателот на Ердоган, муслиманскиот свештеник Фетула Ѓулен кој живее во Соединетите Држави.

Иако порано беа сојузници, Ѓулен му беше трн во око на Ердоган со неговата голема мрежа на следбеници во државните институции, училиштата и медиумите.

Тој секако ја негира неговата улога во обидот за државен удар.

Весниците и обичните Турци кои се обидуваат да најдат некаква смисла на кризата, со прст посочуваат на Соединетите Држави - и како сојузници, но и како традиционално осомничени за заговори.

Еден весник деновиве објави фотографија на хотел за кој се наведува дека бил центар на агентите на ЦИА кои наводно помогнале во ударот.

Весникот објави дека група од 17 лица, главно странци, се пријавиле во хотелот на денот на обидот за државен удар.

Ваквите интриги, според аналитичарите, само му помагаат на Ердоган, итар исламист кој 14 години доминира во турската политика.

Ердоган е свесен за политичкиот ревашинзам во Турција. Тој самиот еднаш беше затворен за рецитирање песна откако веќе не беше градоначалник на Истанбул.

Од тогаш тој ја има совладано уметноста на преживување, а аналитичарите велат дека теориите на заговор му помагаат да исчисти десетици илјади луѓе обвинувајќи ги за неупсешниот пуч.

Голем број Турци кои кампуваат пред палатата Ердоган предупредуваат дека земјата треба да остане и натаму будна од натамошни предизвици.

„Знам дека САД имаат удел во тоа. Знам дека ова е претстава на САД, Израел и Велика Британија. Оној нечесен човек, Фетула Ѓулен е нивен пион“, вели Ахмет Демирчи.

Со него се согласува и Мехмет Кутлуча:

„Тие се зад секоја игра во светот. Ако успеат слават. Ако не тие, како што велат, стојат на страна на избраната влада“, вели тој.

Теориите на заговор со децении ги зачинуваат кризите во земјата чии граѓани се сведоци на политичката борба меѓу исламистите и секуларистите.

Понекогаш непријателите не се така големи и импресивни. Колку за пример, во 2013 година, турските власти фатиле птица под сомневање дека шпионирала за Израел, но се покажало дека тоа не било точно.

Сепак, Турците своите „заговори“ ги сфаќаат сериозно, како за тоа дека Ердоган за време на ударот успеал да им избега на авионите ловци на летот од Мармарис до Истанбул.

Ендрју Финкел, новинар кој живее во Турција од 1989 година смета дека пучот ја зајакна власта на Ердоган, но ја ослабе земјата.

„Тој има можност да дејствува врз оние кои му се противат, но тој сега владее во Турција која е многу послаба поради државниот удар. Покажувајќи со прст на заканите од странство, тој само ја изолира Турција“, вели Финкел.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG