Достапни линкови

Дупката во пензискиот фонд колку една еврообврзница


Миинистерот за труд и социјална политика Диме Спасов и претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионери Драги Аргировски во посета на дом за стари лица.
Миинистерот за труд и социјална политика Диме Спасов и претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионери Драги Аргировски во посета на дом за стари лица.

„Над 40 отсто моментално се субвенционира од буџетот. И токму е тоа што веќе буџетот не задржал фискален простор за социјалните фондови знаејќи каква им е состојбата. Нешто на што е укажано уште пред 7-8 години дека до ова дереџе ќе дојде државата.“

Пензискиот систем може да издржи без задолжувања, но во тој случај треба да се направи даночна реформа, вели економскиот истражувач Бранимир Јовановиќ.

„Апсолутно има дупка во пензискиот систем. И таа мора да се покрива на некој начин. Може да се покрива со задолжување или со зголемување на даноците. Ако нема задолжување и нема даночна реформа за зголемување на приходите тогаш се разбира дека пензискиот столб е неодржлив затоа што нема со што да се покрива.“

Претходно премиерот Емил Димитриев изјави дека целта на еврообврзницата е за да може да се исплатат редовните плати и пензии. Јовановиќ укажува дека дупката изнесува 430 милиони евра и оти мерките во пензиската политика не дале резултати и ја довеле во прашање исплатата на пензиите.

„Таа дупка делумно е последица на реформа на пензискиот систем, т.е на воведување втор пензиски столб, дел од средствата што се прибираат од придонеси за пензиско осигурување се префрлаат во тој втор столб наместо да одат во Фондот за пензиско осигурување, како што тоа беше претходно, но делумно таа дупка е поради стареењето на населението и заради недоволно отворање на нови работни места.“

Од Владата тврдат дека сумата на која е издадена еврообврзницата гарантира подолгорочна макрофинансиска стабилност на државата, и оти ова не е случај карактеристичен само за нашата земја.

Академик Абдулменаф Беџети укажува дека пензискиот систем не може да се одржи без давање пари од буџетот и оти тој процент од година во година е се поголем.

Дека фондот е се понемоќен зборува и податокот дека процентот на пари од буџетот што се даваат во фондот е се повисок од процентот на просечните пензии, вели Беџети.

„Над 40 отсто моментално се субвенционира од буџетот, директно од буџетот на државата. И токму е тоа што веќе буџетот не задржал фискален простор за социјалните фондови знаејќи каква им е состојбата. Нешто на што е укажано уште пред 7-8 години дека до ова дереџе ќе дојде државата.“

Беџети укажува дека има начин како да се скратат трошоците во буџетот со цел да се зачуваат социјалните фондови кои се наменети за плати и пензии, но тој се сомнева дека тоа ќе се случи наскоро.

„Прашањето во однос на корелацијата меѓу еврообрзницата и Фондот, тоа нема директна корелација оти фондот се субвенционира преку буџетот. Но ќе треба да се доведат во прашање другите трошоци кои се генерираат, а без некоја потреба како што се барокните фасада. Државата треба да крати секаде каде е можно, а има многу нешта кај што треба да крати.“

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG