Клинтон и Обама замина заедно за Северна Каролина со претседателскиот авион на првиот од серијата митинзи со кои Хилари се надева дека ќе ги активира гласачите на своа страна за ноемврските избори.
Барак Обама, враќајќи се во Северна Каролина, државата која помогна тој во 2008 година да биде избран за претседател, во страствениот говор изјави дека е подготвен да ѝ ја предаде диригентската палка на Хилари Клинтон и ги повика гласачите да изберат прва жена за врховен командант.
„Но, јас сум тука денеска, затоа што верувам во Хилари Клинтон. И јас сакам да и помогнете да биде избрана за следен претседател на Соединетите Американски Држави“, рече тој.
Според Обама, никогаш немало поквалификуван маж или жена за таа функција.
Деби настапот на Обама на предизборната кампања, беше засенет откако ФБИ процени дека Клинтон била „исклучително безгрижна“ при испраќањето доверливи информации преку нејзиниот личен мејл.
Тоа е далеку од она што се надеваше Клинтон пред изборната трка со нејзиниот републикански ривал Доналд Трамп.
Сепак, дректорот на ФБИ Џејмс Коми изјави дека во исцрпната истрага не биле најдени докази за „намерно несоодветно однесување“ на Клинтон или нејзините најблиски соработници.
Но, и самата оценка на ФБИ дека Клинтон била невнимателна ја искористи Трамп, повторувајќи дека Клинтонови функционираат над законот со години.
Трамп на еден митинг исто така во Северна Каролина рече дека Клинтон не треба да биде избрана за претседател, бидејќи испраќала строго доверливи државни информации преку нејзиниот приватен мејл додека била државен секретар.
Тој исто така праша:
„Зошто таа води кампања со авионот на Соединетите Држави?“
Некои аналитичари сметаат дека Клинтон и Обама заеднички ќе се обидат да ја ресетираат нејзината кампања пред клучната конвенција на демократите на која треба да биде избрана за нивен претседателски кандидат.
Обама, чиј рејтинг е највисоко ниво во изминативе години, се уште може да ѝ помогне на Клинтон да ја зголеми нејзината популарност.
Всушност Обама, според некои познавачи на приликите, сега и ја враќа услугата која Хилари Клинтон му ја направи во нејзиниот говор во 2008 година кога вети дека ќе стори се за Обама да влезе во Белата куќа.
Во сегашниот говор на Обама тој го обвини Трамп за провокативен милијардер и за нетрпелив фалбаџија без темперамент за Белата куќа.
„Знам дека Хилари може да ја заврши работата. Не можам да не бидам горд на работите што сме ги направиле заедно“, рече Обама.