Богоевски и Спировска пуштени на слобода
Полицијата вечерва по протестот на Шарената револуција ги приведе активистите Павле Богоевски и Симона Спировска и по краткиот информативен разговор во полициската станица Беко беа пуштени на слобода. Богоевски изјави дека „полицијата на Чавков е конфронтирачка“ со демонстрантите. Тој рече дека незаконски бил уапсен поради прекршок на Законот за јавна чистота. Спировска била уапсена затоа што не носела лична карта.