Достапни линкови

Роденден без свежина


Прославата на роденденот на владејачката партија за која еден од читателите коментирал дека „нема свежина“ и интервјуто на Андоновски за демонизацијата на ЛГБТ заедница на кое има негативни реакции предизвикале најмногу коментари.

Фановите на РСЕ вредни и ангажирани – па веднаш постирале свои коментари по нашата видео-информација за синоќешната прослава на 26 роденден на владејачката партија. Ангел Андонов, гледајќи ги присутните на прославата запишал: „Нешто нема свежина‟, а Зоки Бошков прашува зошто окупираат слободен простор во градот, луѓе да не можат слободно да се движат, гласна музика, колку пари се платени овие „спонтано‟ да си прослават 26 години брак со диктаторот свој? „Овој собир во ред ли е? Никој друг не е‟ - додал Зоки Бошков на Фејсбук страницата на нашето Радио.

Ослободен активистот на Шарената револуција
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:21 0:00

Забелешката на програмскиот директор на ЛГБТ центарот за поддршка, Кочо Андоновски, дека „во Македонија постои демонизација на ЛГБТ заедницата‟, искажана во неделното интервју, барем според реакциите на „коментаторите‟ - се покажува како точна. И Македонци и Албанци, сите реагираат негативно, мислејќи дека тоа е болест, како Владимир Јакимов, дека треба „да се плашат од Господ‟, како што коментира Сеад Мустафа... или дека „РСЕ на мала врата вметува теми што не биле својствени за еден здрав народ‟, како што смета Сашко Дерчовски.

Андоновски: Демонизација на ЛГБТ заедницата во Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:11:07 0:00

Над 450 лајкови заработила колумната со наслов: „Липите сè уште ме „трујат“ во Скопје‟, во која, покрај другото, пишува дека се радува што има млади деца на кои „им е збоктисано од партиски лидерчиња и диктаторчиња‟. Се разбира, има и коментари во кои се изразува несогласување, како оној на Оливер Димитровски кој не можел да се радува на „такви млади деца кои за некоја паричка од странски непријатели плукаат по споменикот на најголемиот македонски војсководец на сите времиња...‟ Горан Станислевиќ, пак, коментира дека „младите од Шарената револуција чесно се борат за Македонија‟. Златко Чадиноски постирал: „Да, „труењето“ на липите и Водно се едни од последните убави нешта што останаа во Скопје‟.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG