Достапни линкови

Власта ја оддалечи Македонија од НАТО


НАТО од Македонија очекува да го реши спорот со името со Грција и политичката криза, која наметна допoлнителни барања, велат експертите. Тие велат дека и покрај насочувањето на Русија кон Западен Балкан, кое е се поотворено, не може да биде попречен евро-атланскиот процес на земјава.

Македонија не треба да очекува многу од самитот на НАТО што треба да се одржи идниот месец во Варшава со оглед дека основниот предуслов за разрешување на спорот со Грција не е исполнет, а во меѓувреме големата политичка криза наметна дополнителни барања од земјава. Професор Стојан Славески од Европскиот универзитет е скептичен дека НАТО ќе упати покана за члeнство на нaшатa држава се додека не добие епилог спорот со Грција, но нема дилема дека и покрај насочувaњето на Русија кон Западен Балкан кое е се поотворено, тоа може да го попречи евро -атланскиот процес на земјава и регионот во целина.

Во таа смисла во однос на Македонија стратегијата на Русија е да има поголемо влијание во регионот додека сеуште тој не интегриран во овие евро-атлански интеграции

„Во таа смисла во однос на Македонија стратегијата на Русија е да има поголемо влијание во регионот додека сеуште тој не интегриран во овие евро-атлански интеграции пред се во НАТО, но и во ЕУ и во таа смисла таа може да го попречува тој процес и да го успорува на некој начин, но финалната одлука е на земјите членки на НАТО односно на националните влади во овие земји“, вели Славски

И покрај тоа што Русија посочуваше во неколку наврати дека интегрирањето на Црна Гора во НАТО не би влијаело позитивно на регионалната безбедност, тоа не ја попречи Алијансата да ја покани оваа држава, ниту пак Црна Гора да ја смени желбата, односно аспирациите за членство во НАТО. Штом го реши спорот со името со Грција и дополнителните услови земјава треба да очекува да добие покана од НАТО алијансата, но затоа не треба посебен самит на НАТО, туку тоа може да биде и на некој редовен состанок на Северно атланскиот совет во Брисел. Дека Македонија е на вистинскиот пат зборуваат и досегашните мисии со кои недвосмислено оваа земја ја потврдува својата евро-атланска аспирација, вели аналитичарот Арсим Зеколи.

„Додека зборуваме, во Полска се одвиваат НАТО маневрите на кои учествуваат Македонија и Косово, на пример, и тоа е многу добра вест. Мене не ми е битно само ставањето значка дека сме земја членка, мене ме интересира ефективата. Ние сме, но не ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, туку оваа земја со своите граѓани даваат придонес со свои луѓе и со свои пари и ангажмани во мисиите и во Авганистан и во овие вежби така што ние сме дел од тоа семејство што се однесува на безбедносен капацитет”.

Но Зеколи се сомнева во кредибилтетот на актуелната влада во доследноста на нејзината евро атланска политика, особено по објавените прислушувани материјали кои открија индиции за криминални дејствија кај високи поранешни функционери. Во 1999 година Македонија на самитот на НАТО во Варшава се стекнува со статус кандидатка за членство во Алијансата, а Македонија почна да учествува во меѓународните мировни мисии од 2002 година.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG