Достапни линкови

Руски хакерски упад во Демократската партија на САД


Руски хакерски упад во американската Демократската партија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:59 0:00

Руски хакерски упад во американската Демократската партија

Хакери за кои се верува дека биле поврзани со руската влада, упаднале во компјутерската мрежа на американската Демократска партија во Вашингтон и таму дејствувале скоро една година при што украле податоци за Доналд Трамп. Ова го соопшти компанијата за сајбер безбедност која во минатиот викенд извршила чистење на мрежата.

Упадот, според оценките, бил уште еден сигнал за софистицираноста на руски хакери кои веќе долго време разузнавачките експерти ги сметаат како најталентираните противници на Соединетите држави во сајбер просторот.

Претседателот на Демократскиот национален комитет Деби Васерман Шулц ја потврди информацијата за аферата што најпрвин ја обелодени весникот „Вашингтон Пост“.

„Кога го откривме упадот, ние го третиравме како сериозен инцидент. Нашиот тим се пресели што е можно побрзо за да се ослободи од натрапниците и за да се изврши дополнително обезбедување на нашата мрежа“, рече Васерман Шулц.

Деби Васерман Шулц
Деби Васерман Шулц

Компјутерските стручњаци на Демократскиот национален комитет, централно тело на Демократската партија, во април побарале од специјализираната фирма „Краудстрајк“ да го истражи обемот на упадот.

Според претставници на „Краудстрајк“, две добро познати руски хакерски групи упаднале во мрежата на демократите. Едната наречена „Кози бер“ се инфилтрирала во мрежата во минатото лето, а другата „Фенси бер“ вио април годинава.

Првата група можела да ги следи сите комуникации на партијата. Таа пред две години успеа да упадне и во системски пораки на Стејт департментот и на Белата куќа кои не биле од доверлив карактер.

Според претставници на „Краудстрајк“, две добро познати руски хакерски групи упаднале во мрежата на демократите. Едната наречена „Кози бер“ се инфилтрирала во мрежата во минатото лето, а другата „Фенси бер“ вио април годинава.

Втората хакерска група пак украла обемни досиеа од истрагата што Демократите ја воделе за минатото на републиканецот Доналд Трамп, пишува весникот „Вашингтон пост“.

Таков вид истрага водат сите партии против ривалските кандидати пред изборите во настојување да најдат политички слабости, наведуваат агенциите.

Директорот на американската Национална разузнавачка агенција Џејмс Клапер во минатиот месец изјави дека постои сомнеж оти странски хакери ги шпионираат претседателските кандидати.

„Ги видов овие извештаи. Јас не знам дали во овој момент претседателот е информиран за ова. Но, оваа администрација очигледно сајбер безбедноста ја зема многу сериозно. Всушност има конкретен предлог вклучен во буџетот на претседателот за зајакнување на нашата сајбер безбедност“, изјави портпаролот на Белата куќа Џош Ернст.

Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков отфли секаква вклученост на руската влада во случајот. „Целосно ја отфрлам можноста дека руската влада или нејзините агенции биле вмешани во ова“, рече тој.

Во меѓувреме, НАТО реши информатичките операции да станат дел од неговите воени средства, покрај воздухопловните, поморските и копнените.

На состанокот во Брисел е донесена одлука да се зацврсти и одбраната на компјутерските мрежи на Алијансата. Агенцијата Асошитед прес јавува дека оваа одлука била подготвувана подолго време поради растечката напнатост со Русија која покажувала намера да покренува компјутерски напади врз други земји.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG