Достапни линкови

Децата во ИД се „темпирана бомба“


Босанските деца во ИД се „темпирана бомба“
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:59 0:00

Босанските деца во ИД се „темпирана бомба“

Над 80 деца од Босна се наоѓаат на територијата милитантите на Исламската држава во Сирија и Ирак и претставуваат „темпирана бомба“ која може да биде опасност по безбедноста кога ќе се вратат. Ова се наведува во најновата студија на непрофитната организација Атлантска иницијатива од Сараево.

Во студијата се додава дека босанските муслимани се најголемата група од Западен Балкан кои се борат за екстремистичката организација Исламска држава во Сирија и Ирак, заедно со борци од Косово, Албанија, Македонија, Црна Гора и Србија.

Притоа се прецизира дека бројот на возрасни босански борци, проценката до крајот на минатата година беше 188, се намалил на деведесет и еден, откако 47 се вратиле во Босна и Херцеговина, додека пеесетина биле убиени.

Во студијата исто така се наведува дека помалку од половината босанци во Сирија биле возрасни мажи, додека таму се уште имало над пеесет жени и осумдесет деца.

Некои од нив кои отишле во тој регион заедно со нивните семејства, како што се додава, веќе им се приклучиле на милитантите на Исламската држава.

Гледаме целосно нова генерација деца кои растат покрај бојно поле. Тие се темпирана бомба за секоја земја во која ќе отидат.

Владо Азиновиќ

Според искажувања на сведоци и преку социјалните мрежи, момчиња од 13 и 14 години, пред да заминат во борбените единици на Исламската држава, биле обучувани од милитантите. Најмалку едно од нив било убиено во борбите, се наведува во студијата.

„Гледаме целосно нова генерација деца кои растат покрај бојно поле. Тие се темпирана бомба за секоја земја во која ќе отидат“, вели коавторот на студијата Владо Азиновиќ.

Заминувањата од Босна и враќањата од Сирија скоро целосно запреа во почетокот на оваа година. Тоа дојде како резултат на мерките на босанските власти за судско гонење на борците кои имале намера да го сторат тоа, но и на оние што почнале да се враќаат.

Владо Азиновиќ
Владо Азиновиќ

Босанските муслимани генерално се умерени, но некои од нив го прифатија радикалниот ислам од странските борци кои дојдоа во таа земја за време на војната од 1992 до 1995 година за да се борат на страната на муслиманите против православните срби и католичките хрвати, наведува новинската генција Ројтерс која пренесува делови од најновата студија на невладината организација Атлантска иницијатива.

Некои од нив формирале илегални заедници кои немаат поддршка од Исламската верска заедница во Босна. Во студијата се наведува дека токму претставници на исламската заедница во таа земји би можело да станат цел на одмазнички напади од страна на исламистите.

Во минатиот ноември Енес Омерагиќ, кој бил познат како припадник на селафистичкото движење во сараевската населба Рајловац уби двајца војници и рани неколку други лица по што се самоубил во својата куќа која била опколена од полицијата.

Сараевските медиуми го идентификуваа напаѓачот како селафист, односно припадник на ултра конзервативната исламистичка идеологија која повикува на џихад во светот. Медиумите наведоа и тоа дека неколку блиски негови роднини биле во Сирија, но не и тој самиот.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG