Достапни линкови

Демонстрантите бараат целосно поништување на аболицијата


Собранието и агенцијата за медиуми мета на Шарената револуција
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:28 0:00

Собранието и агенцијата за медиуми мета на Шарената револуција

Протестите нема да сопрат додека не се исполнат сите барања на демонстрантите, порачаа вечерва припадниците на таканаречената Шарена револуција. Демонстрантите и вечерва со катапулт со балони со боја го гаѓаа Собранието изразувајќи револт за последните одлуки кои ги изгласа владејачкото мнозинство.

Катапултираните топки со боја на Шарената револуција завршија врз Собранието, по одлуката на пратениците во законодавниот дом за измени и дополнување на пет закони меѓу кои и законот за помилување со кој му се дозволува на Претседателот Иванов по лична проценка да може да ја повлече аболицијата.

Претседателот направи кардинална грешка, наместо 56 аболицирани требаше да бидат 57, да се аболира и самиот себе си затоа што, тој го прави најтешкиот криминал, изјави Бабиќ.

Нема да им дозволиме ни да избегаат со украденото, а камо ли да останат во земјата несоочени со правда. Нема да дозволиме повторно заташкување на ситуацијата и губење на уште една година во реформи од типот „едно напред, три назад.“

Ова го порачаа демонстрантите вечерва кои се дел од таканеречената Шарена револуција. Тие побараа целосно укинување на аболицијата на претседателот Ѓорѓе Иванов.

Демонстрантите и вечерва со боја го облежаа собранието барајќи правда и еднаквост на сите граѓани пред законите. „Мафија на Робија“ беше носечкиот транспаренст со кои ги прошетаа улиците низ Скопје. Со боја ја обележаа и зградата во која се сместени Агенцијата за млади и спорт и агенцијата за аудио и адуиовизуелни медиуми. Пред театарот Комедија со бела боја на улицата испишатаа „Куршумите живот значат“ како одговор на директорката на театарот Јелена Жугиќ која на социјалната мрежа фејсбук побара од полицијата да употребува гумени куршуми против демонстрантите во одбрана на институциите.

Главното барање вечерва беше повлекување на аболцијата.

Пред Собранието се слушаа и дел од опозициските бомби повразни со изборни манипулации.

Пред присутните, од импровизираната бина пред Собрание се обрати актерот Марин Бабиќ кој посочи дека и Иванов треба да сноси одговорност за улогата која ја одиграл во оваа политичка криза.

„Претседателот на прави кардинална грешка, наместо 56 аболицирани требаше да бидат 57, да се аболира и самиот себе си затоа што, тој го прави најтешкиот криминал“ вели Бабиќ.

Пратеникот од СДСМ Горан Сугаревски од говорницата посочи дека опозицијата бара целосно укинување на аболицијата.

„Ќе дојде денот кога ќе има правда, не може вечно да се кријат и зад имунитет и зад аболиции и зад имунитети, и за ништо да не одговараат во оваа држава. Милијарди од оваа држава се изнесени и тие мора да се вратат алуѓето што го направија тоа мора да завршат во затвор.“

Граѓаните во Скопје како и секој ден во изминатиот месец во 18 часот се собраа пред Специјалното јавно обвинителство, за да изразат поддршка на оваа институција. Поворката која на чело носеше големи транспаренти со пораката „Мафија на Робија“ и транспаренти на кои пишува Се ќе ви обојам по список,„ Шарам, правда барам“ и „бетонот како да ви попука маршираше покрај тетарот Комедија во центарот на скопје па покрај агенцијата за млади и спорт и заврши пред Собранието на Република Македонија.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG