Хојт Ји: Да се отповика аболицијата
Се уште веруваме во договорот од Пржино и ги повикуваме политичките лидери да ги спроведат реформите преземени со тој договор, порача заменик помошникот државен секретар на Соединетите Држави Хојт Брајан Ји, кој овие два дена престојуваше во Скопје. Ји соопшти дека главна тема на неговите разговори со политичките лидери во земјава била кризата предизвикана од помилувањата на претседателот.