Достапни линкови

Шарени коментари за излезот од политичката криза


Читателите имаат спротивставени ставови за многу теми, од шарените протести, до тоа кој е крив за политичката криза и како да се излезе од неа, па влезот во ЕУ и НАТО, економијата.

Шарената револуција и НАТО и ЕУ, про и контра, тоа се темите што најмногу ги привлекле нашите фанови да постираат свои мислења и коментари на нашата Фејсбук страница.

Во последните 20 години институциите не работат затоа што се запослуваат партиски луѓе, во зависност која партија е на власт.
Коментар на читател.

Исто како и за неделното интервју со министерот за економија во владата на СДСМ, Никола Поповски. Зоки Мо-ср Русо смета дека „овој и такви како него‟, како што напишал, „му ја ..... мајката на СДСМ‟, а Томислав Методи го осудува нашево радио дека сервира невиден лажго, потсетувајќи дека во 2002-та во Битола, каде што бил носител на листата во таа изборна единица ветувал обештетување на ТАТ-овци и по еден вработен во семејство...

Лаура Паусини смета дека со она што се работи во државава не личиме на држава. „Во последните 20 години институциите не работат затоа што се запослуваат партиски луѓе, во зависност која партија е на власт‟, постирала Лаура.

За тоа дека и Собранието осамна шарено, Анета Петрушевска постирала дека: „Избори ќе има на 5 јуни и ќе се стави крај на ова хулиганско однесување‟. Бејби Франкфурт, пак, постирала: „Избори ќе има, ама не на 5 јуни, а после изборите цело раководство на ВМРО иде у Идризово на поправен‟. Некои реагираат зошто младите што пишуваат по улиците носат маски, како Цветанка Каракашевска која и препорачува да ги извадат маските, зашто тогаш „ќе докажете дека со чисто лице ја барате правдата‟, а Мукрем Саитоски смета дека „има уште мажи во оваа држава‟.

За тоа дека „Храбри одлуки ќе ја вратат Македонија на патот кон НАТО‟, Боби Тошевски пред чие име стои амблемот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека не е пречка само спорот за името со Грција туку и „геноцидот спрема македонскиот народ што го направија Британија, Франција и нивните сојузници‟, а Тина Поп-Христова му одговорила: „Прво не кради, после зборувај дека си Македонец!‟

Вецан Стојковски постирал: „За излез од кризата, најдобра опција е протекторат од 20 години! Затоа што сите политичари од осамостојувањето се борат само за своите лични интереси, а народот со секој нареден ден живее сè полошо‟.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG