Достапни линкови

Протестите на пост


Протестите ќе бидат на пауза за време на празниците. Од „Протестирам“ велат дека по празниците можна е радикализација, вклучување на поголем број на елементи на протестот, како и зголемување на масовноста. Од ГДОМ велат дека по завршувањето на празниците ќе продолжат таму каде што застанеле.

Велигденските и првомајски празници ќе ги стават во мирување неколку дена протестите низ Македонија. Од движењето „Протестирам“ објаснија дека причината за паузата на демонстрациите е дека голем број од граѓаните ќе заминат во родните краишта и на краток одмор, но додаваат дека во меѓувреме ќе ги поддржат сите антирежимски акции и протести кои ќе се одржат во знак на борба за работничките права. Во однос на тоа како досега се одвиваа протестите Владимир Делов од „Протестирам“ вели дека до сега примиле многу позитивни, но и негативни критики.

Ќе ги искористиме овие четири дена да работиме на негативните критики, да одговориме на барањата на граѓаните во однос на протестот и се надеваме дека од вторник натаму ќе ги исполниме очекувањата на граѓаните во однос на протестот.
Владимир Делов, Протестирам.

„Ќе ги искористиме овие четири дена да работиме на негативните критики, да одговориме на барањата на граѓаните во однос на протестот и се надеваме дека од вторник натаму ќе ги исполниме очекувањата на граѓаните во однос на протестот, можна е радикализација, вклучување на поголем број на елементи на протестот, како и зголемување на масовноста, ќе се работи на сите три насоки“, вели Делов.

Од „Протестирам“ велат дека се задоволни од досегашниот одзив на протестите, но сметаат дека е неопходно да има поголема масовност затоа што протестот против режимот е граѓанска должност, а молкот е соучество. Протестите, како што велат, против режимот ќе бидат и натаму ненасилни, но сепак немирни.

Делов смета дека е наивно да се очекува исполнување на барања од страна на лица кои што се дел од приказната за киднапирањето на државата, потребно е реформирање на партијата на власт. Тој објаснува дека е неопходно да се формира техничка влада на неопределен рок, која што ќе ги воспостави темелите на либералната демократија и ќе ги спроведе реформите на Прибе.

И претставниците на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) ќе ги ставаат во мирување своите активности се до завршувањето на верските празници. Александар Пандов вели дека по завршувањето на празниците ќе продолжат таму каде што застанеле.

Од ГДОМ најавуваат дека по завршувањето на празниците ќе продолжат таму каде што застанеле.
Од ГДОМ најавуваат дека по завршувањето на празниците ќе продолжат таму каде што застанеле.

„Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) во зависност од активностите и политиките кои што ќе се водат во понатамошниот период после Велигден ќе имаме активности кои што може ќе бидат доста слични на досегашните или ако се смират работите, во кое јас за волја на вистината помалку сум оптимист дека ќе бидат, но ако се смират активностите, немаме и ние причина зошто да излегуваме“, вели Пандов.

Пандов вели дека Македонија не е само две недели во криза туку речиси две години и дека причина за тоа е, како што вели, деструктивното однесување на лидерот на опозицијата. Тој вели дека ситуацијата е далеку од добра, но се надева, ако што вели, дека Македонецот е свесен кој му мисли добро, а кој лошо.

Протестите на таканаречената Шарена Револуција влегоа во третата недела. Нив ги одбележа боење на дел од спомениците од контроверзниот проект Скопје 2014. Голем дел од градовите во внатрешноста се приклучија на овие протести и обоија неколку судови.

Демонстрантите бараа оставка од претседателот Ѓорѓе Иванов и повлекување на одлуката за аболиција на 56 те политичари од власта и опозицијата кои се поврани со аферата прислушување, како и повлекување на одлуката за избори на 5-ти јуни.

Паралелно со овие протести и ГДОМ иницираа собири во неколку градови барајќи да се одржат изборите на 5 јуни. Тие се противат на аболицијата на опозициските политичари.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG