Обама: Путин се обидува да го поткопа европското единство
Претседателот на САД Барак Обама изјави дека неговиот руски колега Владимир Путин на европското единство гледа како на закана и затоа се обидува да го поткопа. Тој во интервју за Си Би Ес повтори дека Европа треба да биде пообединета бидејќи се соочува со мигрантска криза и исламски тероризам.