Шарената револуција остави свој белег и врз Министерството за надворешни работи. Вечерва демонстранти со балони наполнети со боја фрлаа кон зградата на МНР. Дел од нив со чадори ги штитeа од бојата полицајците кои беа распоредени пред министерството.