Илјадници луѓе вечерва повторно излегоа на улиците на Скопје, десетта вечер по ред. Демонстрантите од, како што самите ја нарекоа, Шарената револуција, со боја гаѓаа кон зградата на Агенцијата за медиуми, скандирајќи „Ова беше парк“. Протестите почнаа пред СЈО, а завршија пред владата.