Холандско „не“ за договорот меѓу ЕУ и Украина
Холандската влада соопшти дека може да го преиспита ратификувањето на договорот со кој се воспоставуваат потесни врски меѓу Европската унија и Украина. До ова дојде откако на вчерашниот референдум, кој инаку не е обврзувачки, големо мнозинство од гласачите се изјаснија против овој договор.