На мигрантите кои со недели се заглавени во импровизираниот камп кај Идомени на македонско грчката граница неколку пати им беа поделени летоци за можни нови рути до Европа. УНХЦР соопшти дека не ги дистрибуира летоците, но се уште не е познато кој го прави тоа.