Достапни линкови

„Турандот“ со идеја да насмее и расплаче


„Турандот“, едно од ремек делата на италијанската музичка литература и последната опера на големиот Џакомо Пучини, овој петок, на 25 март, во 20 часот, премиерно ќе биде изведена на сцената на Македонската опера и балет. Режијата, сценографијата и костимографијата се дело на Џанкарло дел Монако од Италија.

Македонската опера и балет со нова продукција на операта во три чина „Турандот“. Овојпат, едно од ремек делата на италијанската музичка литература и последната опера на големиот Џакомо Пучини, како режисер, сценограф и костимограф, пред македонската културна јавност и посебно поклониците на оперската уметност ја донесува Италијанецот Џанкарло дел Монако.

Џанкарло е син на прочуениот тенор Марио дел Монако. Дебитирал 1965 година, во Сиракуза во претставата „Самсон и Далила“, за да потем кариерата ја продолжи во Германија како асистент на Виланд Вагнер, Гунтер Ренерт и Валтер Фелзенштајн.

Како главен режисер во Улм, во периодот од 1970 до 1973 поставува петнаесет продукции, а бил и директор на Фестивалот во Мачерата (Италија) и генерален директор на Бундештдат операта во Бон.

Од 1997 до 2001 година бил и прв човек на Операта во Ница (Франција).

Џанкарло дел Монако денес се вбројува меѓу најзначајните и најбарани оперски режисери на својата генерација кој потпишал повеќе од 100 продукции во реномираните оперски куќи, а неговите претстави во Метрополитен опера се снимени и емитувани во повеќе земји од светот.

Него, во Скопје го носи љубопитството да работи во театрите во земјите од Балканот и над сè познатството ( пријателството) со Игор Дурловски, кому, пак, ова му е прва премиера како директор на МОБ.

Инаку, говорејќи за проектот, Дел Монако вели дека по­сто­јат мно­гу на­чи­ни за да се рас­ка­же ед­на при­каз­на – на ре­а­лен, на­дре­а­лен на­чин... ка­ко бај­ка, дра­ма­тич­на при­каз­на, или мо­жеби со ставање на ак­цент на ко­мич­но-драм­ска­та си­ту­а­ци­ја на де­ло­то.

„Ние го из­б­рав­ме те­а­трал­но­то чув­ство на грч­ка­та тра­ге­ди­ја со ки­не­ска зад­ни­на. „Ту­ран­дот“ е пос­лед­на­та опе­ра на Пу­чи­ни, но како што знаете фи­на­ле­то не е негово. Ја до­вр­шу­ва Ал­фа­но, но се ба­зи­ра на ед­на ита­ли­јан­ска бај­ка на Го­ци. „Ту­ран­дот“ е мно­гу дра­ма­тич­но де­ло, но, исто та­ка, и мно­гу смеш­но де­ло, би­деј­ќи Пинг, Понг и Панг се смеш­ни ли­ко­ви. Тоа е исто ка­ко во жи­во­тот, нешто може да ве нас­мее, а друго да ве растажи. Всушност тоа е тоа што се оби­довме овде да го на­пра­ви­ме. Зна­чи, трагични моментите да ги испреплетиме со фрагменти од јапонскиот и од ки­не­ски­от те­а­тар. Го­лем кон­траст, сме­шен кон­траст. Кај Пу­чи­ни често па­ти се срет­ну­ва комично-драматична драматургија. Та­ков е и при­ме­рот со „Ту­ран­дот“ би­деј­ќи има ма­ски на тра­гич­но­то, на грч­ка­та тра­ге­ди­ја, и ма­ски на ко­ме­ди­ја дел ар­те, смеш­ни. Ве­ру­вам де­ка еден до­бар ре­жи­сер тре­ба да ја нас­мее и да ја расп­ла­че пуб­ли­ка­та и тоа е тоа што се оби­ду­вам да го на­пра­вам. Ге­не­рал­но, по­сто­јат ре­жи­се­ри што се по­до­бри во дра­ма­тич­ни де­ла и ре­жи­се­ри што се до­бри во смеш­ни де­ла. Јас цел жи­вот ра­бо­там и во две­те.“

Во спектаклот на Џанкарло дел Монако на сцената на МОБ ќе продефилираат над 200 учесници, солисти и хористи, комплетниот ансамбл на Балетот и членовите на оркестарот со кој и овојпат ќе раководи маестро Џанлука Мартиненги, чија тенденција во случајов е проектот да добие „италијански звук“.

Инаку, во насловната улога настапува Габриеле Мулен, сопран од Холандија. Таа музичка кариера ја почнала како флејтистка, а продолжува со студии по оперско пеење на Кралскиот конзерваториум во Хаг и на Новата оперска академија. Посетувала мастеркласи кај Кристина Дојтеком и Монсерат Кабаље, а по студиите заминува во Италија со цел да специјализира италијански оперски репертоар.

Оперското деби го имала со Виолета во „Травијата“, потем со огромен успех ја толкувала Леонора во „Трубадур“, па следувале и насловните улоги во „Аида“, „Тоска“, „Ернани“...сите на оперските и фестивалските сцени во Холандија и Италија. Пред три години, Мулен добива покана да ја толкува насловната улога во „Турандот“ во Операта на Флорида, под водство на Бил Доерти, за што ја добива наградата „најинспиративен уметник“ (The Most Inspiring Artist Award). Во нејзинотот уметничко портфолио се и пројавите во „Набуко“, „Норма“, „Атила“, „Кавалерија Рустикана“, „Валкирите“, „Трубадур“ и „Магбет“ на оперските сцени низ целиот свет, каде соработува со реномирани оперски диригенти и режисери.

„Претставата бара силен глас и многу добра техника, но одговорноста не е само на тој што го игра насловниот лик, туку на сите солисти кои се појавуваат на сцената“, ќе рече холандската сопранистка во пресрет на премиерната изведба на „Турандот“ во МОБ.

Покрај Мулен во постановката на Дел Монако Литванецот Кристијан Бенедикт ќе го видиме како Калаф, Валерија Сепе од Италија ќе го пее ликот на Лиу, Игор Дурловски е Тимар, а за улогите на Пинг, Панг и Понг задолжени се Кристијан Антовски, Дарко Нешовски и Дејан Стоев. Во нивна близина се Владимир Саздовски како Мандарин, Марјан Николовски – Алтоум и Тихомир Јакимовски – Џелатот.

Од целата екипа треба да се издвојат и имињата на кореографката Саша Ефтимова, концерт мајсторот Верица Ламбевска и особено на Волфганг фон Цубек од Австрија, кој го потпишува дизајнот на светло.

И кога сме веќе кај него, уште неколку белешки.

Кариерата ја започнал како техничар на светло на Фестивалот во Салцбург во 1980-те, кога фестивалот бил под уметничко раководство на Херберт фон Карајан и проф. Шнајдер-Зимсен. Посетувал мастеркласови во Минхен и студирал дизајн на Универзитетот „Станфорд“ во САД.

Фон Цубек стекнал репутацијата на независен сценски и светло дизајнер ширум светот. Специјалност му се спектакуларни оперски претстави, но работи и претстави за ТВ емисии и архитектонски проекти. Извонредните светлосни креации на Волфганг фон Цубек се белег на оперските продукции поставени во рамки на фестивалите во Салзбург, Бајројт, Пезаро и Брегенц, како и на низа импресивни еколошки и светлосни скулптури низ целиот свет – од Монте Карло, преку Париз, Мадрид... па се до Токио, Преторија и Сиднеј. Работел со реномирани оперски режисери, меѓу кои Хербет Вернике, Џером Савари, Пјер Луиџи Пици, Луис Паскал, Густав Кун, Каролине Грубер, Франциска Северин, Маргарет Волман, Џонатан Етон, Урлих Петерс, Рето Никлер и Даниел Абадо.

Тој редовно држи мастеркласови за дизајн во уметноста и архитектурата, а голем број негови оперски продукции се издадени на носач на звук и слика.

  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG