Достапни линкови

Кој ќе го помилува Уставниот суд?


Одлуката на Уставниот суд за помилувањето предизвикала низа коментари од нашите читатели. Тие коментираат и за најавата на СЈО дека наскроо ќе паднат првите обвиненија, а ја анализираат и состојбата во медиумите.

Институцијата Уставен суд и одлуката да овозможи претседателот на државата да може да аболицира кривични дела сторени за време на избори доминира во вашите коментари на нашата веб-страница, почитувани. Пиле напишал дека „Уставниот суд демонстрираше кумулативна неодговорност и со иронија прашува: „Кој ќе го помилува Иванов ако не Уставниот суд, како одговор на прашањето на Марјанчо кој го повикува Уставен, на експресно закажана и затворена за новинарите седница, како таа за укинување на Законот за помилување, да расправа за предлог-иницијативата за уставната одговорност на претседателот Иванов за „непреземање службени доверени дејствија за одбрана на РМ‟, а јавниот обвинител Зврлевски јавно да соопшти до каде е постапката со кривичната пријава против претседателот и други високи функционери на Владата за вербални напади против ОН, САД и други меѓународни институции со што на државава ѝ е „нанесена штета по меѓународната позиција и односи‟.

ДПМНЕ е против сите граѓани. Инсталациите на ДПМНЕ во Уставниот суд и во останатите судови со свои партиски членови веќе 10 години ја доведоа државава до ова дереџе.
Коментар на читател.

По нашата информација со наслов „Уставниот суд против сите‟, Цацко коментирал дека всушност, „ДПМНЕ е против сите граѓани. Инсталациите на ДПМНЕ во Уставниот суд и во останатите судови со свои партиски членови веќе 10 години ја доведоа државава до ова дереџе‟. „Срамота за судството‟, напишал Мартин и додава: „Срамота за една демократска држава ако дозволи ваков закон/однесување на политичарите. Тотална диктатура на културен начин‟. Миле од Охрид по информацијата за тоа дека СЈО наскоро ќе излезе со првите обвиненија, пак со своите познати ставови: министерот за внатрешни е, како што напишал, „октроиран квислинг‟, а „лицата кои глумеле обвинители‟ ќе ги уништеле сите докази за пучот извршен во РМ со што била „киднапирана парламентарната демократија‟.

По изјавата на министерката за информатичко општество Марта Арсовска во неделното интервју за РСЕ, дека бил направен меѓупартиски договор за регулирање на медиумската сфера, што инаку СДСМ го демантира, Зоран Недков искрен, па на нашата Фејсбук страница постирал: „Од вас се очекуваше за овие 10 години да ја подобрите ситуацијата, а не да ја влошите. Јас гласав за Груевски зашто вети кратење на администрацијата, а тој ја зголеми за 100%, што значи нè излажа!‟ А Оливер Стојаноски прашува дали ние во „Радио поробена Европа‟ сме имале лице да кажеме за други медиуми „како да бидат регулирани или поточно цензурирани‟.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG