Стотици мигранти илегално влегуваат во Македонија
МВР информира дека 600 - 700 мигранти нелегално влегле на македонска територија од Грција кај гевгелиското село Моин и оти полицијата, во соработка со АРМ, работи на нивно враќање во Грција. Ројтерс претходно објави дека околу две илјади мигранти, кои со денови се заглавени во Идомени, денеска влегоа на македонска територија.