Достапни линкови

Најмногу коментари за парите за мигрантите


Читателите коментирале за тоа дали Македонија добила пари од ЕУ за бегалците. Коментари привлекле и анализата со наслов „Кога среќата зависи од политиката‟ и инфомацијата дека новинарите ќе се организираат во Новинарски фронт.

Фановите на РСЕ на Фејсбук се нашле предизвикани од интервјуто на претседателот Иванов за германскиот весник Билд и писмениот одговор на неговиот советник Боцевски дека Македонија нема земено ни евро помош од ЕУ за бегалците.

Среќата е индивидуална работа. Друга работа е доколку тој Груевски сака и нас останатите со сила да нè направи среќни затоа што и тој бил среќен.
Коментар на читател.

Ариф Ибусоски појаснува дека „Овој сака да каже дека не заработиле ништо бидејќи ЕУ не дале 5% провизија, ете тоа го мачи лоповот‟, а Ајет Ајети додава: „Епа ние не сме Европјани, сакаме малку во четири очи или под рака‟. Ивица Шиљковски во својот пост напишал: „По ова што го кажа по долгогодишно молчење, сепак мислам дека си попаметен и помалку штета правиш кога молчиш. За доброто на Македонија продолжи да молчиш и не се појавувај!‟ Изјавата на портпаролката на ЕУ дека помошта за мигрантите не оди само на владини сметки исто така наишла на многу негативни постови на Фејсбук. Михалчо Перков прашува: „А кои тоа активности поддржувате без знаење на Владата и народот? Активности за разнебитување на нашата Македонија и во разноразни сомнителни преку ноќ изникнати НВО-а?‟

Ристе Димитровски постирал: „Племето си останува племе‟. „Кога среќата зависи од политиката‟ - гласи насловот на нашиот текст со анкета на граѓаните. Некој што одговорил дека среќен го прават „семејството и опкружувањето со убавина што ни ја пружа Владата на ВМРО-ДПМНЕ‟ предизвикал цела низа реакции од нашите фанови на Фејсбук. Зоран Недков постирал дека среќата е индивидуална работа, и додал: „Друга работа е доколку тој Груевски сака и нас останатите со сила да нè направи среќни затоа што и тој бил среќен‟, па во заграда додал „егоизам‟. Ана Михаил напишала: „Како одеа рекламите? Натерај го својот родител да чита книга! Милиони отидени на ‛едукативни‛ реклами!!‟, а Ернел Дураковски прашува: „Што пружаат овие лопови не ни е ич јасно!‟

За организирањето на новинарите во Новинарски фронт, нашите фанови се многу негативно расположени. Повеќето постови се негативни, а вторите сметаат дека новинарите се „продадени‟. Тони Манев кажува можеби вистина: „Медиумите 5 месеци да не емитуваат за политика, ВМРО ќе падне како тиква‟. Љупчо Бујароски, пак, смета дека „Конечно медиумите се ослободија од ослободителите...‟

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG