Достапни линкови

Почнува прочистувањето на избирачкиот список


ДИК ангажираше тим експерти кои десетина дена ќе ги вкрстуваат податоците од институциите и ќе проценуваат проблематични ситуации. Потоа следи теренската проверка по што треба да се добие список со целосна доверба.

Тим од домашни и странски информатичари почнуваат со вкрстената проверка на податоци од МВР и уште десет други институции за да се добијат првични информации за состојбите со избирачкиот список. Тие треба да направат проценка на степенот за секој проблем, по што треба да следуваат теренски активности на ДИК. Тие ќе ги истражуваат ситуациите во кои има многу станари на иста адреса или кога одредени избирачи се регистрирани на повеќе избирачки места. Во овој дел Субхи Јакупу од ДИК наведува дека има многу сомнежи оти починати лица се уште се на списокот и оти на одредени адреси има регистрирано повеќе гласачи отколку што може да има станари.

Не очекувам многу проблеми. Законот за живеалиште дава можност да се пријават во еден стан неограничен број на лица Тука може да ни се појави проблем што може ќе најдеме станови во кои се појавуваат повеќе од 50 граѓани. Тука треба да видиме на каков начин се запишани. Да ги решиме овие проблеми и мислам дека тогаш ќе има доверба во избирачкиот список.
Субхи Јакупи, ДИК.

Експертите што ги има ангажирано ДИК предвидуваат вкрстувањето на податоците да трае 10- тина дена, а потоа треба да следи теренската проверка.

„Не очекувам многу проблеми. Законот за живеалиште дава можност да се пријават во еден стан неограничен број на лица Тука може да ни се појави проблем што може ќе најдеме станови во кои се појавуваат повеќе од 50 граѓани. Тука треба да видиме на каков начин се запишани. Да ги решиме овие проблеми и мислам дека тогаш ќе има доверба во избирачкиот список.“

Потпретседателот на ДИК рече оти тимот на информатичари кажале дека се соочиле со технички проблеми кои се однесуваат на несоодветниот формат во кој дел од институциите ги чуваат матичните броеви на граѓаните, но оти ова биле проблеми од помал обем.

ДИК по вкрстувањето на податоците понатаму планира теренски посети во куќи со повеќе од 20 гласачи, станови со повеќе од осум избирачи, гласачи со повеќе варијации на презимиња. ДИК исто така треба да ги утврди и македонските државјани кои се на привремена работа во странство и немаат живеалиште во Македонија. По вкрстувањето на податоците и теренската проверка треба да се добие новиот изглед на избирачкиот список во кој и партиите и граѓаните ќе имаат целосна доверба.

Според новиот датум на изборите, пречистувањето на Избирачкиот список треба да заврши на 17 април, а листата на гласачи да биде заклучена до 7 мај. Поранешниот претседател на ДИК Александар Новаковски коментира дека неговите согледувања укажуваат оти ДИК ќе стигне навреме да го прочисти избирачкиот список.

„Откако ќе се утврди за тие седум до десет дена во каква состојба e, има ли голем број починати лица кои се во избирачкиот список, исто така дали има со двојни матични, или некои други нејаснотии тогаш ДИК ќе мора, а има капацитет со 34 подрачни единици, да го проверат тоа.“

Претходно ДИК имаше проблеми затоа што државните институции не доставиле бази на податоци кои ќе бидат употребливи. ДИК беше формирана со задоцнување, а и по нејзиното формирање потребните средства, методологијата за работа и било што друго што требаше да се стави на располагање на оваа институција беше со сериозно задоцнување од по неколку недели.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG